Новости
Започнува дводневна акција за собирање на кабаст отпад низ општина Кисела Вода. Камионите на ЈП “Комунална хигиена” во соработка со општина Кисела Вода, од утрово започнаа да ги собираат стариот мебел, душеци и друг волуменозен отпад сличен на овој, кој граѓаните го имале во својот дом.
Во организација на Секторот зa образование, предучилишно воспитување, култура и спорт на општина Кисела Вода , учениците од основните училишта од општина Кисела Вода денес ја посeтија изложбата „Ана Франк – лекции за сегашноста“. Истата е поставена во средното економско училиште “Васил Антевски Дрен”, каде денес беа и претставници од Младинскиот образовен форум, како и директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикариjо, амбасадорот Јован Теговски кои им се обратија на учениците.
Општина Кисела Вода информира дека согласно добиеното известување од страна на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информацијата добиена од ЕВН Македонија АД, корисниците од цела населба Пинтија, како и дел од стопанските објекти Агромак, Алумил, Милсон во текот на утрешниот ден, 04.03.2016 (петок), ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето е поради технички зафати во електро-системот и ќе биде од 09:00 – 13:00 часот.
Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица Саса 30, пуштена во употреба пред три години, се во тек. Екипите интензивно работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740метри.
Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжи традицијата за одбележување на празникот Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чистотата и будење на природата.
Повеќе: Со црвено-бели мартинки, општина Кисела Вода го одбележа празникот Ксантика