Новости
На 36-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 27.01.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 36-та пленарна седница
Ве известуваме дека Триесет и шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 27 јануари 2016 година (среда) со почеток во 11,00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 36-та пленарна седница
Уште 50 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Со тоа, бројот на легализирани дивоградби во овој дел од градот, се искачи на 4408 или 37% од пристигнатите 11 880 предмети.
На сите православни верници општина Кисела Вода им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Одбележувајќи го денот, на кој Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите тајни на христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа.
Нека ни е честит и вековит овој голем христијански празник!
Со желби за добро здравје, успех, среќа и благосостојба, општина Кисела Вода на сите православни христијани им ја честита православна Нова Година. Според јулијанскиот календар, денес освен почетокот на новата година, се чествуваат и Обрезание Господово и Св. Василиј Велики.
Нека се честити!