Новости
Информативни брошури на тема “Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот” се делат во општина Кисела Вода. Проектот што го реализира оваа локална самоуправа, во соработка со градот Скопје има за цел да го едуцира локалното население за штетноста од несоодветниот избор на огревно дрво и штетноста од неговото несоодветно согорување. Брошурата што преку Секторот за месни заедници им се доставува на граѓаните нуди информации за тоа какво дрво треба да се користи при затоплување на домовите, како треба да се чува, кои производи не треба да се палат, како треба да се користат и одржуваат печките и оџаците, што треба да придонесе за заштита на воздухот и здравјето на луѓето, но и заштеда на финансиски средства.
Единечен тениски терен беше пуштен во употреба денеска во кругот на ОУ„Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево. Игралиштето е изградено по најсовремени стандарди за вакви тениски игралишта и располага со осветлување, пристапни патеки, целосна инфраструктурна приклученост и најсовреман подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. На пуштањето во употреба на теренот присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасовски.
Почна проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од фабриката Стаклара до влезот на населбата Пинтија. Вкупната инвестиција е 3,7 милини евра, а реализацијата на проектот е од особено значење за жителите од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и сите околни населени места кои гравитираат во овој регион.
Повеќе: Започна третата фаза од проширувањето на „Борис Трајковски“
Нов циклус посети на месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода, започнува градоначалникот на општина Кисела Вода, претседателот на Советот и раководителите на сите сектори во општината. На овие средби, тие, директно од жителите ќе можат да ги слушнат проблемите кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање, а воедно ќе може и да се дискутира околу идеите и предлозите што граѓаните ги имаат во врска со подобрување на условите во кои живеат.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денес го посетија ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, каде имаа можност да се уверат во позитивно влијание од имплементирањето на Кембриџ програмата во наставата.