Новости
На сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, општина Кисела Вода им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на овој ден претставува славење на небесното вознесение на Божјата Мајка. На овој начин, се слави нејзината големина и посветеност кон верата, се слави животот, љубовта, мајчинството, добрината и хуманоста, сите христијанските начела и вредности кои треба да не водат низ животот.
Нека е честит и вековит овој голем христијански празник!
На триесет и првата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес (26.08.2015), беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржа 31-та пленарна седница
Уште една соседска патрола се одвиваше синоќа во општина Кисела Вода.
Ве известуваме дека Триесет и првата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 26 август 2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 31-та пленарна седница
Општина Кисела Вода изгради ново детско игралиште во Теферич. Се протега на околу 70 квадратни метри и е опремено со детски реквизити кои на најмладите им нудат можност за забава и релаксација.
Повеќе: Општина Кисела Вода изгради ново детско и го реновираше спортското игралиште во Теферич