Новости

ДУП-от за нас 11-ти Октомври – бараки на јавна расправа

Рејтинг на корисник:  / 7

Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Од утре (27.08.2013 год.), започнува јавна анкета по Предлог – Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела  Вода, плански период 2013-2018, со кој ќе се уреди просторот помеѓу булеварот “Македонија” - Ж, булеварот “Србија”, улицата “Борис Трајковски” и улицата “Народни Херои”, односно “Михаил Чаков”.

Повеќе: ДУП-от за нас 11-ти Октомври – бараки на јавна расправа

Градоначалникот на Кисела Вода додели нови 35 ваучери на семејства со новороденчиња

Рејтинг на корисник:  / 7

На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ по втор пат свечено додели ваучери на 35 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.

Одлуката за доделување на еднократна парична помош на секое семејство со новороденче од општината, се донесе едногласно од страна на Советот на општината на 4-тата пленарна седница, по лична заложба и предлог на градоначалникот. 

Повеќе: Градоначалникот на Кисела Вода додели нови 35 ваучери на семејства со новороденчиња

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во сабота (24.08.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, по втор пат, ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачјето на Општина Кисела Вода.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот

Рамстор отвори нов супермаркет во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 13

На големо задовлство на граѓаните, денес  21.08.2013 година, започна со работа новиот супермаркет на Рамстор во Општина Кисела Вода.  На свеченото отварање присуствуваше и одржа поздравен говор, Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.

„Чест ми е пред се како жител, а и како Градоначалника на Општина Кисела Вода што денеска  сум сведок на отварањето на првиот маркет на Рамстор на територија на Општина Кисела Вода.Токму затоа ќе си дозволам овој чин да го толкувам како тенденција за поквалитетно секојдневие  и на жителите на територија на Општина Кисела Вода. Ја користам приликава да се чуе пораката дека Општина Кисела Вода е отворена за секој предлог, сугестија и за секоја квалитетна инвестиција да излезе во пресрет за брза и ефикасна административна постапка“.

Истaкна, Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.

 

Повеќе: Рамстор отвори нов супермаркет во Општина Кисела Вода

Санација на Основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор

Рејтинг на корисник:  / 1

Општина Кисела Вода во соработка со амасадата на Сојузна Република Германија до завршувањето на летниот распуст ќе изврши санација на основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор.

Санацијата опфаќа замена на прозори, средства кои се обезбедени од буџетото на локалната самоуправа. Со донација од амасадата на Сојузна Република Германија ќе биде извршено молерисување на училниците и обновен дел од училишниот мебел.   

Подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во населеното место Припор е изградено во 1982 година, од неговот отварање до денес не се извршени никакви реконструкции.

Повеќе: Санација на Основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa