Новости

Во Општина Кисела Вода започна со реализација Проект 100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици

Рејтинг на корисник:  / 3

Во понеделник (19.08.2013година) во големата сала на Општина Кисела Вода беше означен почетокот на  проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“. Министерството за внатрешни работи и републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) потпишаа согласност за реализација на проектот„100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода, и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.Целта на овој проект е подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.Со овој проект  ќе се изврши обнова-бојадисување на пешачките премини пред сите градинки, основни и средни училишта во Општина Кисела Вода заради зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедисти и мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки во општината.

Повеќе: Во Општина Кисела Вода започна со реализација Проект 100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во понеделник (19.08.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи пресконференција во врска со реализацијата на проектот 100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици. На пресконференцијата свои обраќања ќе имаат Министерот за внатрешни работи   Г-ѓа Гордана Јанкуловска, Претседателот на Ребуличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Г-дин Никола Анѓеловски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот. 

Општина Кисела Вода се вклучува во проектот,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ "

Рејтинг на корисник:  / 4

Општина Кисела Вода го  подржува и активно се вклучува во спроведување на Проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ" кој беше промовиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија и Општините.Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална  политика и Општина Кисела Вода, за координација и реализација на проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ".  

Повеќе: Општина Кисела Вода се вклучува во проектот,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ "

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за реон Ј, четврт Ј10

Рејтинг на корисник:  / 1

Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Сл.весник на РМ" бр.51/05, бр.137/07, бр. 91/09, 124/2010, 18/11, 53/11, 144/12, и 55/13), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02, член 57 од Статутот на Општина Кисела Вода ("Сл.гласник на Град Скопје", бр.8/2005) и донесената програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со Одлука бр. 07-8628/5 од 29.11.2012 година, од Советот на Општина Кисела Вода за изработка на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10 и донесената програма за  измена на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со  бр.07-1229/17 од 21.02.2013 година, донесена од Советот на Општина Кисела Вода, Градоначалникот на Општина Кисела Вода

   го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Заорганизирањена јавнапрезентацијаи јавнаанкета

по  предлогДУП  

за реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода

Повеќе: Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за реон Ј, четврт Ј10

Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува и покрај годишните одмори

Рејтинг на корисник:  / 4

Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 12-то јавно доделување на 61 ново решение за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1903. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација, 5.129  предмети се во административна постапка,  4.827 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација.

 

Повеќе: Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува и покрај годишните одмори

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa