Новости
Општина Кисела Вода во соработка со Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале.
Денес, во Големата сала на општина Кисела Вода Претседаелот на Советот Трајче Донев, додели нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти од овој дел од градот.
Повеќе: Општина Кисела Вода досега легализираше 3918 дивоградби
Во понеделник, 13.07.2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Обележано возило на Црвениот крст патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода, до граѓаните се дистрибуира и се дели студена вода за пиење, се даваат медицински совети на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом.
Повеќе: Општина Кисела Вода и Црвениот Крст со мерки за полесно справување со високите температури
Едукативна работилница во детската градинка „8 Март“, објект „Ѕуница “ во село Драчево, денес одржа Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје.
Повеќе: Дечињата од градинките во Kисела Вода на практична настава за сообраќајна култура