Новости

Бесплатни превентивни прегледи за заштита од топлотен бран во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1

ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје” – Скопје ги информира граѓаните дека по најавата за топлотни бранови по укажување од Министерството за здравство на Република Македонија ќе се организираат акции со отворање на пунктови за спроведување на бесплатни превентивни прегледи за заштита од топлотен бран. Акциите ќе се спроведат во Општина Кисела Вода (Драчево) од 18-21 часот по следниот распоред:

-       24.07.2013

-       29.07.2013

-       04.08.2013

-       10.08.2013

-       15.08.2013

-       20.08.2013

-       25.08.2013

Продолжуваат акциите за чистење на јавните површини

Рејтинг на корисник:  / 3

По успешно изведената акција за чистење на трим-патеката во должина од 2,5 километри, која се организираше на иницијатива на градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, а во реализација на сезонските работници и Одделението за животна средина во општината, еколошките активности продолжуваат со уште позасилена динамика. Имено, по детектирањето на неколкуте микролокации (црни точки), општинските служби започнаа нова акција за чистење на дивите депонии и јавните површини во и околу јавните објекти. Оваа работна седмица согласно динамиката и планот за работа на сезонските работници, се чистеа јавните површини околу Центарот за зависници во Кисела Вода, парковите, основните училишта, влезот на населбата Драчево, булеварот “Борис Трајковски”, а се кастреа и гранки на неколку локации во општината.

Повеќе: Продолжуваат акциите за чистење на јавните површини

ДУП-от за дел од Цветан Димов на јавна расправа

Рејтинг на корисник:  / 8

Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Покрај ДУП-от за “Цветан Димов – Славија”, денеска Општина Кисела Вода објави соопштение за организирање на јавна расправа и јавна анкета за носење на нов детален урбанистички план. Имено,  предлог ДУП-от  за реон Ј, четврт Ј08, со кој ќе се уреди просторот помеѓу бул. “Македонија“, улиците “Павел Шатев”, ”Христо Татарчев” (Иван Козаров), ”Марко Цепенков” (Есенинова) и ”Антон Попов” (Огњан Прица), од денеска е изложен на јавна расправа во просториите на урбаната заедница “Цветан Димов” (стара Рампа).

Повеќе: ДУП-от за дел од Цветан Димов на јавна расправа

Два концерти викендов на културното лето “Три круши”

Рејтинг на корисник:  / 1

Убава македонска музика ќе понуди брануваното културно лето “Три круши” престојниот викенд. В петок (26.07.) на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи миленикот на драчевската публика, Миле Кузмановски.  В сабота пак (27.07.), во истото време, посетителите на “Три круши” ќе можат да уживаат во настапот на “Силви бенд”.

Повеќе: Два концерти викендов на културното лето “Три круши”

Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува со засилено темпо

Рејтинг на корисник:  / 2

Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 11-то јавно доделување на 36 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1833. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5.064  предмети се во административна постапка, а 4.946 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација. Токму затоа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги потсети граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.

Повеќе: Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува со засилено темпо

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa