Новости
Градинката “Перуника” во Црниче доби детско игралиште. По барање на општина Кисела Вода, Урбано ЕЛ ДООЕЛ Скопје на ова место постави реквизити за детска игра.
Повеќе: Градинката “Перуника” во Црниче збогатена со нови содржини
Хуманите жители на општина Кисела Вода добија полесен начин како да донираат за социјално загрозените граѓани. Во близина на општината, Црвениот крст постави контејнер за донирање на облека, за што претходно, општината го изработи и постави бетонскиот постамент.
Повеќе: Контејнер за донирање облека поставен во Кисела Вода
Утре без напојување на електрична енергија, во периодот од 11 до 15 часот ќе останат корисниците на ул„Ѓорѓи Динката“, ул.„Скендер Бег- Кастриот“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во општина Кисела Вода.
Со свечена и богата културно-уметничка програма, општина Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на рускиот јазик и литература и 216-те години од раѓањето на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: "Пушкинови денови" по седми пат во општина Кисела Вода
Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и општина Кисела Вода, денеска со почеток во 19:30 часот во паркот „Пушкин“ ќе се одржи манифестација по повод 216 години од раѓањето на Александар Сергеевич - Пушкин. Настанот кој по седми пат се одржува во општината ќе биде збогатен со културно - уметничка програма.