Новости
Денес, петок (07.11.2014), започнува тридневната акција за одлагање на кабаст, волуменозен отпад на територија на општина Кисела Вода, којашто ќе трае до недела (09.11.2014).
Повеќе: Започнува акцијата за собирање и одлагање на кабастиот отпад во општина Кисела Вода
По известување од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, според информацијата добиена од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве известуваме дека утре, поради дефект на шибер на ул.”Банско” бр.1, прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во Кисела Вода.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, главниот извршен директор на Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ Мајкл О’Саливан и директорот за развој во истата организација, Хелен Еклс, денеска ги посетија учениците од ОУ “Круме Кепески” и извршија увид во наставниот процес каде се спроведуваат новите наставни програми по математика и природни науки, по терк на Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ.
Повеќе: Увид во Кембриџ програмата во ОУ "Круме Кепески" во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода ќе им помогне на двете семејства од Драчево, Тодевски и Силјановски, кои неодамна претрпеа голема штета во пожарот што ги зафти нивните куќи. По иницијатива на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, Советот на општината акламативно ја донесе одлуката на овие семејства да им се исплати парична помош во вредност од по 30 000 денари.
Повеќе: Општина Кисела Вода со финансиска помош за семејствата чии домови беа зафатени од пожар
Љубителите на спортот и рекрецијата добија два нови спортски терена во општина Кисела Вода. Кошаркарско игралиште на површина од 70 квадратни метри е пуштено во употреба во селото Усје. Истото ја чинеше општина Кисела Вода околу 200 000 денари.
Повеќе: Две нови кошаркарски игралишта во општина Кисела Вода