Новости
Според информација добиена од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ве информираме дека денеска без струја ќе останат корисниците од ул. “Димо Хаџи Димов” и ул. “Мариовска” во општина Кисела Вода. Прекинот во снабдувањето со електрично напојување ќе биде во периодот меѓу 09 до 16 часот.
Општина Кисела Вода во континуитет продолжува со акциите за уредувањето (косењето) на тревните површини низ целата нејзина територија. Од денеска, па се до 19.08.2014, се спроведува слична таква акција, при што ќе бидат ангажирани вкупно 45 сезонски работници кои ќе работат со тримери и други алати за косење на тревните површини.
Повеќе: Продолжува уредувањето на тревните површини низ општина Кисела Вода
Продолжува проектот “Топлотен бран” во општина Кисела Вода, кој се реализира во соработка со општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода .
Повеќе: Општина Кисела Вода и Црвен Крст-Кисела Вода се справуваат со топлотниот бран
Нова соседска патрола низ општина Кисела Вода. Претставници на локалната самоуправа, на месните заедници, локалното население, претставници Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, на Одделението за превенција при СВР Скопје , синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади во доцните часови, места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.
По известување добиено од страна на Регионалниот центар за управување со кризи, и ЕВН-Македонија АД, општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека во понеделник, во време од 09.30 до 13.30 часот, без напојување со електричне енергија корисниците од улица "Герника" во населено место Драчево.