Новости
Денес, петок, 25 јули 2014, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:30 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 41 семејствo со новороденчиња од општината.
Ново јавно доделување на решенија за легализација, се одржа денес во општина Кисела Вода, со што, бројот на решени предмети се искачи на 2917. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ во своето обраќање пред присутните, уште еднаш ја потенцираше важноста на процесот на легализација и бенефитот што и граѓаните и општината ќе го имаат од него.
По информацијата добиена од Центарот за управување со кризи, ве известуваме дека денеска, со почеток од 09 часот, без вода ќе бидат корисниците од улицата "Шиндаровска" бр. 14 во селото Драчево. Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка профил ф-1 цол и ќе трае се до санирање на дефектот.
Утре, четврток (24.07.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Во официјална посета на општина Кисела Вода денеска присуствуваше неодамна именуваниот амбасадор на НР Кина, Вен Џеншун. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ му посака добредојде, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници со кои и досега, оваа општина имаше одлична соработка.
Повеќе: Новиот кинески амбасадор на средба со градоначалникот Беличанец-Алексиќ