Новости
Почитувани,
Утре, среда, (09.07.2014) со почеток во 12 часот, во ОУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево, од страна на Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште, чија изградба започна во декември 2013.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Шенка Колозова, Александар Микиќ, Гоце Тодоровски, Марија Новак, Владо Дојчиновски и Дубравка Киселички, вчеравечер на граѓаните на општина Кисела Вода донесоа безброј насмевки на нивните лица. Актерите од театарот „Пампур“ ја изведоа комедијата „Женско царство“ во рамките на Културното лето „Три Круши“.
Со прекрасниот звук на виолината, тамбурата, кавалот и гајдата, вчеравечер на Културното лето „Три Круши“ премиерно беше презентиран на граѓаните на општина Кисела Вода новиот проект на маестро Зоран Џорлев „Македонска душа“. Тој заедно со својот кварет ги изведоа едни од најубавите македонски изворни песни, и тоа: „Параходот“ , „Дафино вино“ , „Јовано Јованке“ , „Не си го продавај Кољо“ , итн.
Повеќе: Квартетот „Македонска душа“ ја воодушеви публиката на „Три Круши“
Општина Кисела Вода вечерва со почеток во 20:30 часот ги кани сите љубители на македонската изворна музика на целовечерен концерт на квартетот „Македонска душа“ предводен од маестро Зоран Џорлев.
Повеќе: И овој викенд примамливи содржини на културното лето „Три Круши“ во Кисела Вода
Ве известуваме дека Осумнаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 4.07.2014 година (петок) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 18-та пленарна седница