Новости
На 29.06. на 59-от роденден на Општина Кисела Вода во соработка со телекомуникацискиот оператор ОНЕ беа обезбедени и пуштени слободни интернет зони на три јавни збиралишта. И тоа во парк Шопен, парк Македонија и парк на Бранители во Драчево, се со цел за осовременување на просторот и достапност на брза интернет комуникација на жителите низ Општина Кисела Вода.
Повеќе: На три јавни локации бесплатен интернет за граѓаните на Општина Кисела Вода
За само неколку месеци во Општина Кисела Вода на најфрекфентните места, жителите од околните згради добија преуредени катчиња за одмор, а за најмладите простор за игра.
Уште од раните утрински часови, започна празнувањето на 59-тиот роденден на најстарата скопска општина, Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода денес го прославува својот 59-ти роденден
Целовечерен одличен концерт пред посетителите на Три круши, вечерва одржа ансамблот "Македонија", во рамките на културното лето на општина Кисела Вода.
Повеќе: Ансамблот "Македонија" ја воодушеви публиката на "Три круши 2014"
Со целодневна програма, утре, недела, 29.06.2014, општина Кисела Вода ќе го прослави својот 59ти роденден. Случувањата започнуваат во 08:45 со доделување ваучери за новороденчињата од општината и награди за најуспешните основци од училиштата на територија на општина Кисела Вода од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ . Во 10:30, во Големата сала, ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, каде ќе бидат доделени благодарници за луѓето и компаниите кои во оваа година биле заслужни за афирмирањето на оваа локална самуправа.