Новости
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско - корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски попладнево им ги врачи уверенијата на новите Претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода, кои ја освоија довербата од Советите избрани од граѓаните.
Повеќе: Избрани се новите претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода
Општина Кисела Вода и годинава ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.
Работилници наменети за локалните инспекциски служби од општините во Скопскиот регион и Град Скопје, се одржуваат денес во Големата сала на Општина Кисела Вода.
Повеќе: Работилници за инспекциските служби во Општина Кисела Вода
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи единаесеттата пленарна седница на 08 јуни 2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи единаесеттата пленарна седница