Насловна
Вчера на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на десеттиот натпревар од групата Запад ја забележаа десеттата победа. „Баделки” со огромна резултатска разлика 80:41 (20:9, 19:14, 12:8, 29:10) ја совладаа екипата на ЖКК „Струга“.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел 1862“ се незапирливи, тие ја забележаа и десеттата победа по ред
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Dopolnitelen%20tret%20konkurs.pdf
Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Унгарија, на 15 март со пригодна свеченост го одбележаа Националниот ден на унгарскиот народ.
Повеќе: Националниот ден на унгарскиот народ одбележан во Општина Кисела Вода
Жителите на Општина Кисела Вода, во сите месни и урбани заедници, следниот месец, поточно од 5 до 23 април ќе имаат можност да одложуваат кабаст отпад.
По должината на бул. „Борис Трајковски“, Општина Кисела Вода денеска спроведува голема акција за расчистување на сметот.