Насловна
Шестиот скопски цветен фестивал што се одржа изминатиов викенд во градскиот парк во Скопје го збогатија деца од двете јавни детски градинки и општинските основни училишта од Кисела Вода.
Повеќе: Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“
На финален турнир, на државно првенство во женска одбојка во Велес ученичките од ООУ „Партенија Зографски“ направија голем успех, освоија 3 место.
Повеќе: На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место
Кисела Вода е шаховска општина. Не само по шаховската историја што ја испиша ШК Кисела Вода, туку и по низа легендарни шахисти, сегашни велемајстори и идни шаховски таленти кои потекнуваат од Кисела Вода.
Повеќе: Велемајсторите Кутиров и Јаќимовиќ одиграа симултанка во Кисела Вода
Општина Кисела Вода со цел да го унапреди и омасови спортот на својата територија, објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и за спортски манифестации.
За материјалната поддршка можат да аплицираат сите спортски субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода. Целта на доделувањето на помошта е подобрување на работењето на спортските субјекти кои се регистрирани и вршат дејност во Кисела Вода, за тековната 2019 година.
Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на ,,Купот Св Ѓорѓи“. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0.