Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денес со претставниците на спортските субјекти кои опстојуваат на територијата на локалната самоуправа потпиша договори за доделување на материјална поддршка.
Во насока на исполнување на дадените ветувања околу надминување на проблемите со Центарот на зависници, Општина Кисела Вода ги поканува сите засегнати жители од овој дел на градот и медиумските екипи на средба која ќе се одвива утре, четрток, 22.11.2018год., во 19 часот во Големата сала на Општина Кисела Вода. На истата ќе бидат присутни и директно ќе им ги презентираат договорените мерки Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и Министерот за здравство Венко Филипче.
Повеќе: Покана до жителите на Општина Кисела Вода и до медиумите
На силниот Mеѓународен турнир во ММА, VOLKETSWIL FIGHT NIGHT, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, македонскиот борец Стефан Пецевски од клубот ,,Д Стронгест‘‘ од Кисела Вода, извојува победа.
Утре, помладите пионери на Фудбалскиот клуб „Кул Здравје“ од Кисела Вода ќе го одиграат 1/4 финалниот натпревар за Купот на Македонија со ФК „Академија Пандев“ од Струмица.
Повеќе: Утре екипата на ФК „Кул Здравје“ од Кисела Вода ќе игра против ФК „Академија Пандев“
Денес, во ЈДГ „8 Март“, во објектот „Расадник“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на децата, 20 - ти Ноември, се одржа едукативен час за заштита на животната средина.