Насловна
Во рамки на одбележувањето на „Европската недела на спортот“, познати македонски спортисти им беа гости на дечињата, во ЈДГ „Весели цветови“.
Повеќе: „Европската недела на спортот“ во Кисела Вода се одбележува со многу спортски активности
Општина Кисела Вода и Американската гимназија НОВА, спроведоа акција за фарбање на оградата во дворот на двата објекти на градинката ЈДГ „8 Март“.
Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека утре ќе започне со изведување на градежни активности на дел од патот за Теферич. Локалната самоуправа ги замолува сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање додека на улицата се извршуваат градежните активности. Истите според предвиденото ќе се одвиваат 2 месеци.
Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, во просториите на Општината, оствари работна средба министерот за финансии Драган Тевдовски. На средбата се дискутираше за ЕУ фондовите и капиталните инвестиции.
Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го означија почетокот на реконструкцијата на ул. Антон Попов.
Повеќе: Во Општина Кисела Вода започнаа активности за реконструкција на ул. Антон Попов