Насловна
По информација добиена од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека поради реконструкција на водоводна линија ф700 која ќе се изведува кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка) на ден 10.08.2018 година (петок), без вода за пиење од 20 часот до завршување на работата ќе останат Припор и дел од Кисела Вода, на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).
Повеќе: Припор и дел од Кисела Вода во петок без вода. Ќе се носи вода со цистерни.
Општина Кисела Вода информира дека денес од 09:00 часот дел од корисниците на ул. Пушкинова бб ќе останат без вода.
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита големиот македонски празник 2 август, Илинден.
Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, придружуван од страна на Бојана Ацева, член на Советот на општината, го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална и атмосферска канализација во населба Пржино.
Повеќе: Општина Кисела Вода отпочна со изградба на атмосферска и фекална канализација во Пржино
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со полициските службеници од СВР – Скопје на учесниците во сообраќајот и случајните минувачи им укажуваше за превенција и внимание во летниот период од пожари. Покрај ова, граѓаните добија шише вода и едукативни флаери.