Насловна
И оваа работна недела градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски продолжува со работните активности за средби со граѓаните во урбаните и месни заедници. Темелковски придружуван од страна на секретарот Александар Алексовски и дел од раководителите на секторите од општината, како и претставници од ПС Кисела Вода, вчера оствари средба со граѓаните од УЗ Цветан Димов.
Повеќе: Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со граѓаните од УЗ Цветан Димов
Градоначалникот Филип Темелковски минатата недела оствари повеќе работни средби со жителите на Општина Кисела Вода. Темелковски во придружба на секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, дел од раководителите на стручните служби од општината и претставници на ПС Кисела Вода оствари работна средба со граѓаните од урбаните заедници 11 Октомври – згради и Кисела Вода.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес ги прими и им додели благодарници на одбојкарките од ООУ “Партенија Зографски”, кои од државниот натпревар кој се одржа во Кавадарци пред 4 дена се вратија со освоено второ место.
По добиено известување од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Димитар Мирасчиев поточно броевите: 15, 17, 19, 21, 22, 23, 25 и 27.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес свечено го отвори Меѓунaродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.