Насловна
Амбасадорот на Унгарија во Македонија, неговата екселенција Ласло Дукс со делагација од Амбасадата и Здружението на на Унгарците во Македонија, денес беа гости на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.
Повеќе: Унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Кисела Вода
По добиено соопштение од РЦУК – Скопје, а по известување од ЕВН Македонија АД, Општина Кисела Вода информира дека утре, вторник, 20.02.2018 год., во временскиот период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. “Дренак”.
Денес во просториите на Општина Кисела Вода градоначалникот Филип Темелковски оствари средба со претседателот на Атлантскиот клуб во Бугарија и поранешен бугарски министер и шеф на дипломатијата, д-р Соломон Паси. На средбата се дискутираше околу можностите за соработка преку реализација на проекти, пред се’, на локално ниво кои ќе го подобрат животот на граѓаните, а на Македонија ќе и овозможат политички и економски развој.
Повеќе: Соломон Паси на средба со градоначалникот Филип Темелковски
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот Дарио Шимиќ и советничката Емилија Трајковска денес извршија увид во расчистувањето на медицинскиот отпад околу Дневниот центар за зависности.
Општина Кисела Вода информира дека денес од 08:30 часот без вода ќе останат корисниците од ул. Пушкинова.