Насловна
По добиено известување од РЦУК – Скопје, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Киро Фетак – 1.
Денес градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска пред медиумите го претставија проектот за едукативните работилници за дијабетес кои се одвиваат низ градинките во Општина Кисела Вода.
Едукативни работилници за дијабетес на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките, а во насока на што поквалитетно згрижување на дечињата со дијабетес коишто ги посетуваат, се одржуваат изминатите четири дена во објектите во состав на ЈДГ “8-ми Март“.
Повеќе: Едукативни работилници за дијабетес низ градинките во Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека утре од 8:30 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од Северната зона Југ, Бул. „Борис Трајковски“ од крак 2 до крак 10, „Супер Тинекс“, „Рамстор“ и бензиската пумпа, како и дел од ул.„Христо Татарчев“ и населбата.
Денес во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одржат три одбојкарски натпревари.