Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита големиот државен и христијански празник „Св. Климент Охридски“.
Повеќе: Нека ни е честит и вековит празникот „Св. Климент Охридски“
Во рамките на женската одбојкарска Прва лига, ЖОК Јанта Волеј Кисела Вода во спортската сала ,,Независна Македонија“ во сабота со почеток во 15 часот ќе се сретне со Универзитет Тетово. Бездруго, тоа е дерби на колото со оглед на фактот дека играат првиот и третиот на табелата.
Општина Кисела Вода информира, согласно добиените податоци од Регионалниот центар за управување со кризи, а по известување од ЕВН Македонија АД, дека денес, четврток, 07.12.2017 година без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. “Милан Мијалковиќ”. Прекинот во снабдувањето со струја ќе се одвива од 13.00 до 15.30 часот.
Спортот во Општината, мора да заживее а Oпштината Кисела Вода ќе биде двигател на клубовите во насока на развој на спортот во општината Кисела Вода. Ова е генералниот заклучок од денешната средба на спортските клубовите кои егзистираат на територијата на Oпштината Кисела Вода со градоначалникот Филип Темелковски.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе ги унапредува спортските клубови
Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и градските јавни претпријатија денес започна со акцијата за расчистување на дивите депонии на цела територија на локалната самоуправа.