Насловна
Ве известуваме дека Свечената седница по повод 62-години Општина Кисела Вода Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи утре на 29 јуни 2017 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.
Акција за чистење на одводните канали се одвива во општина Кисела Вода. Истата отпочна со чистење на Црниот канал во Потстаница кој започнува од улица “Малешевска” и завршува во Студеничани. Расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, ќе продолжи со коритото на Мала Рада во селото Драчево.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, денеска во големата општинска сала направи прием за спортистите и спортските клубови од Општината. Традиционално на средбата присуствуваа голем дел на спортисти од спортските клубови за кои општината Кисела Вода обезбедува бесплатни термини за тренинг и натпревари во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“.
Повеќе: Спортистите од Кисела Вода на прием кај градоначалникот
Општина Кисела Вода отпочна со обнова на хоризонталната сообраќајна сигнализација низ улиците во населбата Драчево.
Повеќе: Пребележување на пешачките премини во населба Драчево
На 52-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 14.06.2017 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржа 52-та пленарна седница