Насловна
Општина Кисела Вода известува дека утре во временскиот период од 12:00 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат жителите од населбата Усје.
Oд „ЕВН Македонија“ АД, информираат дека прекинот со снабдувањето со електрична енергија ќе биде поради технички зафати.
Со свечена и богата културно-уметничка програма, и оваа година по девети пат во општина Кисела Вода се одбележа Светскиот ден на рускиот јазик и литература и 218-те години од раѓањето на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: „Пушкинови денови“ по девети пат во Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт излегоа во пресрет на барањата на жителите од Пинтија. Во овој дел од општината е отворено ново повеќенаменско игралиште.
Започнаа градежните активности за изградба на трибини на фудбалското игралиште “ССК” во населбата Драчево.
Повеќе: Општина Кисела Вода гради трибини на фудбалското игралиште "ССК" во Драчево
Течат уписите за музички талентираните ученици во дисперзираните паралелки на МБУЦ “Илија Николовски Луј” во ОУ “Кузман Шапкарев” во населба Драчево. Веќе 4та година, тие во близина на својот дом имаат можност да посетуваат нижото музичко образование. Се држат часови по виолина, пијано и теорија. Наставниот кадар кој ја изведува наставата е од МБУЦ “Илија Николовски Луј”.
Повеќе: И следната учебна година, нижо музичко образование во Драчево