Насловна
Општина Кисела Вода денес додели нови 33 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1906. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Нови 33 ваучери за новороденчиња доделени во Општина Кисела Вода
Согласно добиените информации од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, Општина Кисела Вода известува дека утре во временскиот период од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат жителите на село Усје.
Во рамките на успешно воспоставената соработка на двете основни училишта , ООУ„Невена Георгиева – Дуња“ од општина Кисела Вода и ООУ„Емин Дураку“, со потпишување на меморандум за партнерство, во изминатата и оваа учебна година континуирано се реализираат најразновидни активности.
Денес општина Кисела Вода додели 51 решение за легализација на дивоизградени објекти. Со тоа, од досега поднесените 13855 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти се искачи на 5387.
Повеќе: Општина Кисела Вода легализираше 5387 дивоизградени објекти
На сите христијански верници, општина Кисела Вода им ги честита Велигденските празници со желби за здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство. Нека овој голем ден донесе духовен мир, светлина и љубов секому!
Нека ни е честит и вековит празникот!
Христос воскресе. Навистина воскресе.