Насловна
Општина Кисела Вода денес додели 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 5285, или 38% од пристигнатите 13854 барања за легализација.
Повеќе: Досега 5285 легализирани дивоградби во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода денес додели нови 43 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Од нив 24 беа за машки, а 19 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1832. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода досегa додели 1832 ваучери за новороденчиња
Црвено-бели мартинки за среќа денес добија повеќе жители на општината Кисела Вода. Во рамки на веќе традиционалното чествување на Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чистотата и будење на природата, дечињата од јавните градинки и основните училишта на оваа територија ги делеа исплетените мартинки на случајните минувачи и на посетителите во паркот Македонија и Паркот на бранителите, каде се одвиваше централната манифестација.
Во ОУ Кирил Пејчиновиќ во општина Кисела Вода се одржа едукативен час за одговорно сопствеништво на домашните миленици.
Денес беше одбележан патрониот празник на ОУ Кузман Јосифовски – Питу во општина Кисела Вода. Во објектот на подрачното училиште, во Црниче, се одржа свечена програма, во која зедоа учество голем број на ученици, преку музичко-ритмички изведби.
Повеќе: Одбележан патрониот празник на ОУ Кузман Јосифовски – Питу во општина Кисела Вода