Насловна
Општина Кисела Вода на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Божикни празници! Нека овие празнични денови, Ви донесат среќа, љубов, разбирање и хармонија во домот. Рождеството Христово, чиј симбол се верата, надежта и љубовта, како највисоки христијански вредности, нека Ви донесат спокој и сплотеност!Христос се роди, навистина се роди!
Со оглед на временската прогноза и најавите за нови снежни наноси, општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите. Потсетува и на законската обврска на деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти за расчистувањето на снегот пред влезот на истите.
Со желби за многу здравје, среќа, љубов, успех и благосостојба, Општина Кисела Вода ви ја честита Новата 2017 година!
На истекот од 2016 година, општина Кисела Вода додели уште 50 ваучери за новороденчиња, со што бројот на семејства со принова кои добија еднократна парична помош од оваа локална самоуправа, се искачи на 1748. Од нив, во оваа календарска година, се доделени 466.
Повеќе: Годинава општина Кисела Вода додели 466 ваучери за новороденчиња
По информација добиена од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве известуваме дека утре, 27.12.2016 г. (вторник), поради уличен дефект од ф-600мм на бул.”Борис Трајковски” бб до “Техноскоп”, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Усје до Зелениково (Усје, Пинтија, Пржино, Драчево, Охис ф-ка, Студеничани, Моране, Зелениково, Долно Лисиче) од 08:15 часот до санирање на дефектот. Ќе бидат обезбедени цистерни со питка вода за граѓаните на горенаведените населби. За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.
Повеќе: Утре прекин во водоснабдувањето во дел од општина Кисела Вода