Насловна
Ве известуваме дека Четириесет и седмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 22 декември 2016 година (четврток) со почеток во 11,00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 47-та пленарна седница
Општина Кисела Вода денес додели 53 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 5183, или 37% од пристигнатите 13853 барања за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат,во овој момент, изнесува 3724. Исто така, изготвени се уште 207 урбанистички согласности, од кои, за 176 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Повеќе: Досега 5183 легализирани дивоградби во општина Кисела Вода
Согласно информацијата добиена од ЈП "Водовод и канализација ве известуваме дека поради уличен дефект ф-600мм на бул. “БорисТрајковски” бб (пред мостот во Драчево), ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од нас. Драчево до санирање на дефектот. Се работи на тешки теренски услови под мост на 9 метри длабочина, на цевка со огромен профил од Ф600. Две цистерни со питка вода ќе кружат низ населбите, со акцент кај градинките и училиштата.
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09 часот без вода ќе останат дел од корисниците од населбата и селото Драчево. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот ќе биде поради отстранување на дефект на водоводна цефка на улицата Борис Трајковски бб, пред мостот Маркова река кон населба Драчево. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до завршување на градежните активности за отстранување на дефектот .
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита големиот Христијански празник „Св. Климент Охридски“.