Насловна
Сообраќајно-едукативен проект денес се одвиваше во општина Кисела Вода. Пораки за возачите за подигнување на свесноста и на безбедноста во сообраќајот упатија основците од ООУ "Кирил Пејчиновиќ".
Повеќе: Сообраќајно-едукативен проект во училиштата во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 13853 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 5080.
Повеќе: Општина Кисела Вода досега легализираше 5080 дивоградби
Со посетата на Подстаница и населбата Драчево, започна новиот циклус на редовни посети на месни и урбани заедници, од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, заедно со Претседателот на Советот, тим од стручните служби од општината, како и претставници од јавните претпријатија на град Скопје и претставници од други приватни и државни институции кои имаат надлежност да ги решаваат проблемите со кои се соочувааат граѓаните.
Повеќе: Започна нов циклус посети на месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода
На 45-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 31.10.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 45-та пленарна седница
Градоначалникот на општина Кисела Вода и директорот на Агенцијата за млади и спорт денес во кругот на ПОУ Круме Кепески во Припор, поставија камен темелник на ново повеќенаменско игралиште. Игралиштето е дел од проектот “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта” низ целата држава и претставува уште еден чекор во насока на развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица.
Повеќе: Поставен камен темелник на повеќенаменско игралиште во Припор