Насловна
Женскиот кошаркарски шампион ,,Бадел 1862“ го претрпе четвртиот пораз во годинашнава сезона во ,,АБА“ лигата. Овојпат на домашен терен во спортската сала ,,Независна Македонија“ беа поразени од ,,Црвена Звезда“ од Белград со резултат 70:46, по четвртини 17:21, 12:15, 13:19 и 4:15.
Повеќе: Бадел 1862: Црвена Звездa - Пресуди ,,кратката“ клупа
42 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 13 беа за машки, а 29 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1652.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 42 нови ваучери за новороденчиња
Реномираната женска кошаркарска екипа ,,Црвена Звезда“ од Белград, вечерва ќе биде гостин на нашиот шампион ЖРК Бадел во рамките на 4-тото коло од ,,Б“ групата во ,,АБА“ лигата. Интересно е, дека, и двете екипи вечерва во спортската сала ,,Независна Македонија“ ќе се борат за својата прва победа во ,,АБА“ лигата.
Повеќе: ,,Црвена Звезда“ гостува во Кисела Вода. Влезот бесплатен.
Општина Кисела Вода известува дека дел од корисниците од сервисната зона Југ денес, од 8 часот ќе останат без вода за пиење. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето во Кисела Вода е замена на четири шибери со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски„ и „Србија“.
Општина Кисела Вода започна со реализација на проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче.
Повеќе: Проект за регулирање сообраќај во Црниче во еднонасочен правец