Насловна
На сите граѓани, општина Кисела Вода им го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација. Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери за самостојна и независна Македонија која денес ја живееме во сопствена, независна државa. Нека ни е честит празникот, за многу години!
Повеќе: Честит 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба
Градоначалниците на Град Скопје и на Кисела Вода Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска извршија увид во градежните активности за продолжување на булеварот „Србија“ до кружниот тек кај улицата „Христо Татарчев“.
Повеќе: Увид во градежните активности за проширување на булеварот "Србија"
Со цел подигнување на свесноста и на безбедноста во сообраќајот, ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот организираше работилница со учениците од 4-то и 5-то одделение.
Повеќе: Едукативна кампања за безбедност во сообраќајот за основците од општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода денес додели 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 5030, или 36% од пристигнатите 13853 барања за легализација.
Повеќе: Во oпштина Кисела Вода досега легализирани 5030 објекти
Општина Кисела Вода известува дека утре во временскиот период од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улица Востаничка, а во период од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и жителите на дел од улиците Наум Охридски и Чедомир Кантарџиев и ул. 474. Како што информира РЦУК - Скопје, прекините ќе бидат поради технички зафати во електросистемот.