Насловна
Во пресрет на 13 Октомври, Светскиот ден на видот, Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, присуствуваше на промоција на прирачникот за исправен пристап кон слепите лица.Настанот се одвиваше во ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов” во Кисела Вода. Свое обраќање пред присутните имаа претставници од Лајонс клубот “Св. Пантелејмон”-Скопје, кој е издавач на прирачникот, како и директорот на ДУРДМОВ,,Димитар Влахов”.
Повеќе: Во Кисела вода промовиран прирачник за исправен пристап кон слепите лица
Женскиот кошаркарски шампион на Македонија,,Бадел 1862“, со пораз ги започна натпреварите во новата сезона во АБА лигата. Во првото годинешно коло, нашиот шампион беше слободен, но во второто коло, како домаќин во спортската сала ,,Независна Македонија“ во општина Кисела Вода, ,,КК Бадел 1862“, беше поразен од словенечкиот шампион ,,Атлете Цеље“ со високи 88:51 (по четвртини 11:25, 17:19,11:24,12:20).
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. На овој ден пред точно 75 години, македонскиот народ се крена на вооружено востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слободна Македонија. Со својата вооружена борба, македонските борци дадоа голем придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Нека ни е честит и вековит 11 октомври - Денот на народното востание против фашизмот !
Да живее Република Македонија!
Општина Кисела Вода, информира дека на 14 и 15. 10. 2016 година во период од 07:00 до 11:00 часот, секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и ЈП Комунална Хигиена Скопје ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.
Течат градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич. Градоначалникот на општина Кисела Вода и раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион денес на терен извршија увид во реализација на овој проект кој e од големо значење и за општина Кисела Вода, но и за општина Сопиште бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети.