Насловна
По информација добиена од РЦУК – СКОПЈЕ, Општина Кисела Вода известува дека утре, петок, 23.09.2016г., без струја ќе бидат дел од корисниците од бул. Борис Трајковски на крстосница со ул. 1523, како и корисниците од ул.1523. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 09.00 до 13.00 часот.
Во завршна фаза е комплетната реконструкција на тоалетите во ЦОУ “Круме Кепески” во општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода ги реконструира тоалетите во ЦОУ "Круме Кепески"
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес додели уште 100 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4980, од пристигнатите 13851 барање за легализација.
Повеќе: Општина Кисела Вода досега легализираше 4980 дивоградби
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 8 септември - Денот на независноста на Република Македонија. На овој ден пред точно 25 години македонските граѓани одлучно застанаа во исполнување на вековниот идеал на македонскиот народ за суверена, слободна и независна Македонија. Ние и во иднина посакуваме да продолжиме заеднички да славиме уште многу години успех и просперитет на нашата држава.
Нека ни е вековита Република Македонија!
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности на улицата “Спиро Гулапчев”. На оваа локација започна изградба на крак од атмосферска канализација кој треба да го реши проблемот со прифаќање на атмосферските води во овој дел од градот.
Повеќе: Општина Кисела Вода гради крак од атмосферска канализација на ул."Спиро Гулапчев"