Насловна
Општина Кисела Вода Ви ги честита двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит и вековен празникот кој е симбол на храброста, одлучноста и пожртвуваноста во име на слободата, независноста, мирот!
Со преубавата “Има ли песна?” вчеравечер еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Наум Петрески го отпочна концертот на Три круши, во селото Драчево.
Повеќе: Со одличниот концерт на Наум Петрески се затвори "Три круши 2016"
Масовно посетен беше синоќешниот концерт на КУД “Китка”, кој е дел од културното лето “Три круши 2016” организирано од општина Кисела Вода.
Повеќе: Одржан одличен концерт на КУД "Китка". Наум Петрески вечерва го затвора "Три круши 2016"
Во рамките на овогодинешното културно лето "Три круши", вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути, ќе настапи КУД "Китка". Ова културно уметничко друштво од Драчево, кое насекаде низ светот ги претставува во најдобро светло македонскиот фолклор и традиција, вечерва, на сцената во верско-рекреативниот центар Три Круши, ќе одржи целовечерен концерт.
Денес градоначалникот на општина Кисела Вода додели 53 ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Од нив 30 се за женски и 23 за машки деца. Заклучно со денешното доделување, бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1525.
Повеќе: Доделени ваучери за новороденчињата од Кисела Вода. Досега доделени 1525