Насловна
Градоначалниците на град Скопје и на општина Кисела Вода Коце Трајановски и Билјана Беличанец Алексиќ денес го означија почетокот на реконструкцијата на коловозот и на тротоарот на улицата "Народни херои", во Кисела Вода. Градот Скопје ќе ја изведува реконструкцијата на потегот од крстосницата со улицата "Димо Хаџи Димов" до крстосницата со улицата "Христо Татарчев", во должина од 416 метри. Ќе биде опфатена и крстосницата на улицата “Народни херои” со улицата “Христо Татарчев”.
Увид во градежните активности за асфалтирање на улицата “Румена Хаџипанзова” во населбата Драчево, денес изврши градоначалникот на општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја асфалтира улица "Румена Хаџипанзова" во населбата Драчево
Општина Кисела Вода во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Скопје ве известува дека со најавата за топлотни бранови, според програмските активности на Министерството за здравство на РМ, од страна на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, започнувајќи од 13.07.2016 год. (среда), ќе се организираат акции за бесплатни превентивни прегледи во насока на заштита на граѓаните од топлото време.
Повеќе: Бесплатни превентивни прегледи во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода иформира дека утре во временскиот период од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Востаничка“ над бр. 82. Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Извонреден емотивен концерт одржа синоќа Кате со групата “Нели ти реков” пред публиката на “Три круши 2016”.
Повеќе: Концерт за паметење на Кате и "Нели ти реков" на "Три круши 2016"