Насловна
Синоќа, во новоотворениот Дом на културата “Кисела Вода Кино” се одигра театарската претстава “Чолак”. Истата е во продукција на Драмскиот театар и се изведе во рамките на програмата на овогодинешното културно лето “Три круши”.
Повеќе: Театарската претстава "Чолак" ја одушеви публиката во Кисела Вода
Општина Кисела Вода известува дека утре во временскиот период од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Востаничка“ над број 82, а во период од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат и жителите од улицата „Христо Татарчев“ бр. 47, влез 4. Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Во рамки на културното лето на општина Кисела Вода, вечерва ќе биде изведена театарската претстава “Чолак” во продукција на Драмскиот театар од Скопје. Поради најавите за поројни дождови во текот на попладневните и вечерните часови, вечерашната престава ќе се одржи во новоотворениот Дом на културата “”Кисела Вода Кино-КВК”. Почетокот е закажан за 20:30 минути.
Повеќе: Театарската претстава “Чолак” вечервa во новиот Дом на културата “Кисела Вода Кино- КВК”
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес додели уште 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4833, или 35% од пристигнатите 13849 барања за легализација.
Повеќе: Продолжува легализацијата во општина Кисела Вода. Легализирани 4833 дивоградби
Со одличниот концерт на групата “Љубојна”, синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на културното лето “Три круши 2016”. Овој етно состав кој на оригинален начин, користејќи ја енергијата на македонското музичко наследство, прави уникатен исчекор во македонската современа музика, на публиката во населбата Драчево и донесе незаборавно музичко-сценско доживување.
Повеќе: “Љубојна” ја крена публиката на нозе! Свечено отворено “Три круши 2016”