Насловна
Ве известуваме дека Свечената седница на Советот на Општина Кисела Вода по повод 61-годишното постоење на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 29-ти Јуни 2016 година со почеток во 11:30 часот.
Седницата ќе се одржи во големата сала за седници во барака 7.
Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода во насока на одбележување на 61-годишниот јубилеј. Денес,во рамките на проектот “Општината ги стипендира најдобрите”, 90-те талентирани и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2015/2016 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од градоначалникот и Претседателот на Советот на општина Кисела Вода добија парични награди.
Целосно руиниран објект во општина Кисела Вода, денеска е комплетно нов современ Дом на културата. Руинираниот објект кој бил изграден од 1959 година, а 20 години бил надвор од употреба, започна да се гради со целосна реконструкција во 2014 година со заеднички средства на општината и Владата, преку Министерството за култура.
Повеќе: Општина Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата
Со доделување на нови 30тина ваучери за новороденчиња од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, денес отпочна одбележувањето на шеесет и првата годишнина од постоењето на општина Кисела Вода кое, со низа случувања, ќе трае во текот на целата седмица.
Градоначалникот на општина Кисела Вода и Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, денес потпишаа нов Договор за соработка за заедничко инвестирање во креирање на мерки за енергетска ефикасност на локално ниво.