Насловна
Општина Кисела Вода денес додели 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4782, или една третина од пристигнатите 13849 барања за легализација.
Повеќе: Во oпштина Кисела Вода досега легализирани 4782 објекти
По известување добиено од страна на Регионалниот центар за управување со кризи, општина Кисела Вода информира дека утре, во период од 8 до 11 часот без струја ќе останат жителите на дел од улицата “Саса”, од 9 до 10 часот корисниците на ул. “Дарвинова” од бр.13 до бр. 17, а од 9 до 11 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и жителите на ул. “Пушкинова”.
Деветоодделенците од основните училишта во општина Кисела Вода и оваа година ги посетија индустриските капацитети кои се лоцирани на ова територија.
Повеќе: До идна професија со посета на индустриските капацитети
Утре во период од 08:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на ул. „Сава Ковачевиќ“ подулица 14. Причина за прекинот се технички зафати во електро мрежата.
Во организација на општина Кисела Вода и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ се одржа манифестација по повод 217 години од раѓањето на Александар Сергеевич - Пушкин.