Насловна
Општина Кисела Вода во соработка со ПСОН Кисела Вода започна проект за подобрување на безбедноста на учениците во основните училишта. Пред започнувањето на наставата, сообраќајци и претставници од училиштата им помагаат на помладите основци кои ги минуваат пешачките премини што водат до училиштето.
Повеќе: Основците со помош на сообраќајци на пешачките премини во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби. Градоначалникот на општина Кисела Вода доделувајќи им ги решенијата на новите семејства кои од денес правно и легално располагаат со дивоизградениот објект, ја потенцираше важноста на процесот на легализација за имателите на ваквите зданија, но и за општината и сите нејзини жители.
Трибина за претприемничко учење за деветоодделенците од општина Кисела Вода се одржа денес во Големата сала на оваа општина. Настанот е во организација на Секторот за локален економски развој во соработка со Волонтерскиот центар, како дел од првата изготвена локална стратегија за претприемничко учење за период од 2016-2020.
Повеќе: Трибина за претприемништво за деветоодделенците денес одржана во општина Кисела Вода
Започнaa градежните активности за реконструкција на коловозот на улица “Саса 2” во населбата Пинтија. Градоначалникот на општина Кисела Вода и повеќе раководители на стручните служби од оваа институција, денес излегоа на терен каде, по налог на општината, се работи на реализација на овој проект.
Започнува изградба на трета фаза од атмосферската канализација на улицата “Жарко Зрењанин”, како завршен дел предвидената атмосферска мрежа долга 1920 метри, која треба да се протега долж целата улица. Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во отпочнувањето на градежните активности на фирмата “Карпош АД” Скопје, која на терен ќе работи во наредните три месеци.