Насловна
Изградбата на атмосферска канализација на улицата “Живко Фирфов” во населбата Драчево се одвива со одлична динамика. Тоа го констатира и градоначалникот на општина Кисела Вода, на денешниот увид во градежните активности на екипите на фирмата “Енергомонт” кои на оваа локација работат на поставување на полипропиленски цевки со различен профил.
Со донесувањето на последните измени на Генералниот Урбанистички План на град Скопје, во декември 2012 и променатa на намената на одредени површини на територија на општина Кисела Вода, на оваа локална самоуправа и се овозможи изработка на нови детални урбанистички планови, меѓу кои и Деталниот урбанистички план за Расадник, поточно Градска четврт Ј14, со граници на опфат:
На североисток: по собирната улица “Борис Трајковски”;
На југоисток : по магистралната улица булевар “Србија”;
На југозапад :по сервисната улица”Христо Татарчев”;
На север: по сервисната улица “Народни херои”.
Опфатот е со површина од 82.09 ха.
Повеќе: Општина Кисела Вода повикува на јавна расправа за ДУП Расадник
Општина Кисела Вода информира дека утре, без напојување со електрична енергија во период од 8:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците од улица „Востаничка“ кај Рептил Маркет.
Уште 100 семејства од општина Кисела Вода станаа легални сопственици на дивоградбите што ги поседуваа.
Повеќе: Општина Кисела Вода легализираше уште 100 дивоградби
Општина Кисела Вода го одбележа го одбележа Националниот ден на Унгарците. Делегација од оваа општина денес положи свежо цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците