Насловна
Исчистена е дивата депонија кај Теферич. Сезонските работници организирани од страна на Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, со камион го отстрануваа отпадот оставен од несовесни граѓани и покрај сите апели и засилените инспекциски контроли од страна на општината. Во текот на расчистувањето беа собрани околу 12 тони смет и шут.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја исчисти дивата депонија кај Теферич
По добиено известување од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, општина Кисела Вода, информира дека без напојување со електрична енергија, во понеделник, во период од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од ул. Востаничка бр. 138, бр. 140, бр. 144, бр. 146, бр. 148, бр. 160, бр. 162 и бр. 164 и ул. Рилски Конгрес бр. 97 и бр. 99.
На 37-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 26.02.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 37-та пленарна седница
Oпштина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 04 и 05. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територија на општината.
Општина Кисела Вода ги информира корисниците од населбата Пинтија дека денес од 9 часот ќе бидат без вода. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Саса“ без број во населбата Пинтија. Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот.