Насловна
Ве известуваме дека Триесет и седмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 26 февруари 2016 година (петок) со почеток во 11,00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 37-та пленарна седница
ООУ„Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, денес го одбележа својот патронен празник. Во присуство на Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, шефот на кабинетот на градоначалникот, претставници на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и многубројни гости, се одржа свечена приредба на која освен музички изведби на солисти на инструменти и училишниот хор, драмски изведи, беа наградени учениците кои покажаа најдобри резултати од областа на литературата, уметноста и спортот, како од централното, така и од подрачното училиште во н.Пинтија.
Повеќе: ООУ "Рајко Жинзифов" одбележа уште една година постоење
Колкав е бројот на станови, колку станари има, какви се градежните карактеристики на станбената зграда, какви се нејзините енергетски карактеристики, поседува ли противпожарна заштита? Ова се само дел од прашањата на кои денес одговараше Ѓорѓи Георгиевски, претседател на заедницата на сопственици во 15-катницата на улица “Христо Татарчев” бр. 11.
Со пригодна свеченост, општина Кисела Вода го одбележа 21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик. На настанот организиран од страна на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и Советот на општина Кисела Вода, во присуство на директорите на основните училишта од овој дел на градот, беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема “ Мајчиниот јазик – ѕвезда водилка на нашето постоење ”.
Повеќе: Одбележан Денот на мајчиниот јазик во општина Кисела Вода
Во организација на Комитетот на советите при ЗЕЛС предводен од Претседателот Трајче Донев, а во рамки на проектот на Швајцарската Агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“, кој е спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации, од 17 до 19 февруари, во хотелот “Сириус” во Струмица се одвива работилница со Претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа.
Целта на работилницата е да се разменат мислења за облиците на вмрежување на општинските советници и предлогот на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници, како и да се направат консултации за подобрување на секојдневното функционирање на советите преку примена на иновативни методи и техники.
Преку дискусии на учесниците, модерирани од страна на проектниот тим на UNDP, треба да се создаде можност за прилагодување на интервенциите според потребите на општината, општинските советници и другите засегнати страни и корисници, како и да се стекне попрецизен увид во состојбите и дизајнирање на применливи решенија поврзани со работата на општинските совети.