Насловна
Ве известуваме дека Триесет и петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 23 декември 2015 година (среда) сопочеток во 11,00 часот
Денес, во големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ додели 50 нови решенија за легализација. Заклучно со денешниот ден, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 4357, односно, оваа локална самоуправа, по сите превземени мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, легализираше 37% од пристигнатите 11 880 предмети.
Општина Кисела Вода, преку Одделението за предучилишно воспитување, заедно со двете јавни детски градинки од истата општина, ЈДГ„Весели Цветови“ и ЈДГ„ 8 март“ , во текот на изминатите два месеци организираше повеќе различни хуманитарни акции. Рeализацијата на овие настани продолжува и во текот на месец декември, во вид на Новогодишни базари.
Повеќе: Хуманитарен базар во општина Кисела Вода за лекување на болно детенце
Жители на општина Кисела Вода, претставници на општинската администрација, советници, претставници на месните и урбаните заедници од општината, денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи во четврток, на 17 декември , од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.