Насловна
Ракометарките на ЖРК „Вардар“ во соработка со општина Кисела Вода и со средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“ им приредија убаво изненадување на учениците од основните училишта од овој дел на градот.
Повеќе: Учениците од општина Кисела Вода се запознаа со ракометарките од ЖРК „Вардар“
Уште 50 дивоградби легализираше општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода ги повикува сите жители од овој дел на градот кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците и со ова превентивно делување да спречат потенцијални пожари. Воедно, редовното чистење и одржување на оџаците допринесува во намалување на емисијата на штетни гасови, како и намалување на потрошувачка на енергија, што значи заштеда на енергетско гориво и заштита на човековата околина.Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната.
1200 семејства од општина Кисела Вода досега се стекнаа со ваучери за новороденче што секој месец ги доделува општината.
Повеќе: 1200 ваучери за семејствата со принова од општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, утре, четврток, 29.10.2015 година, со почеток во 19 часот во барака 7 во општина Кисела Вода ќе одржи трибина на тема ”На секое дете му е потребно семејство”. На трибината се поканети сите граѓани кои се заинтересирани за добивање статус на згрижувачко семејство, како би можеле да се информираат околу законската рамка за остварување на ова право, нивните права и обврски.