Насловна
Со цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти, општина Кисела Вода и Агенцијата за катастар на недвижности, организираат нови “Oтворени денови на Катастарот”.
Повеќе: "Отворени денови со катастарот" во среда, четврток и петок во Драчево
На сите граѓани, општина Кисела Вода им го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација. Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери за самостојна и независна Македонија која денес ја живееме во сопствена, независна државa. Нека ни е честит празникот, за многу години!
Општина Кисела Вода известува дека од понеделник, 26.10.2015, сите заинтересирани жители од овој дел на градот можат бесплатно да ги користат спортските сали Независна Македонија и Архиепископ Доситеј во следните термини:
Трета сезона по ред општина Кисела Вода продолжува со реализацијата на проектот ”Слобода во вода” наменет за децата со посебни потреби од овој дел на градот. Истиот, кој е дел од Програмата за активности од областа на социјална заштита на општина Кисела Вода, преку спортски активности во вода на овие дечиња им овозможува подобрување на психофизичката состојба.
Повеќе: Општина Кисела Вода и годинава обезбеди терапевтско пливање за децата со посебни потреби
Децата од градинките во општина Кисела Вода денeс, заедно со своите воспитувачки и родители го одбележаа националниот Ден на здрава храна, која е дел од Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст со процесот на одгледување и консумирање здрава храна, поддржана од МТСП.
Повеќе: Дечињата од градинките во Кисела Вода го одбележаа националниот Ден на здрава храна