Насловна
Започнаа градежните работи за поставување на челичен мост над реката Мала Рада во месноста Порупи, во селото Драчево.
Повеќе: Се поставува челичен мост над реката Мала Рада во село Драчево
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 11 Октомври, денот што го симболизира отпорот на македонскиот народ и продолжувањето на вековната борба за самобитност и самостојност на нашите предци.
Нека ни е вечен Денот на народното востание против фашизмот!
Нови 50 дивоградби легализираше денес општина Кисела Вода. Со денешното јавно доделување на новите решенија, правен статус добија вкупно 4113 објекти, или една третина од пристигнатите 11881 барања за легализација. Општина Кисела Вода која во изминатиот период превзема низа мерки со цел за процесот на легализација да тече со задоволителна динамика, како кадровско и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемување на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведувањето на практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво, уште еднаш упати апел до граѓаните кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да го сторат тоа за процесот да може непрекинато да тече. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3030. Исто така, изготвени се уште 175 урбанистички согласности, од кои, за 117 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Со посетата на Бирарија, Црниче и Цветан Димов градоначалникот на општина Кисела Вода го затвори овој циклус посети на месните и урбани заедници во општина Кисела Вода. И овој пат, градоначалникот, претседателот на Советот на општината Трајче Донев, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија од градот Скопје остварија средба со граѓаните со цел за подобрување на условите во кои живеат.
По посетата на УЗ Кисела Вода и Расадник, градоначалникот, заедно со Претседателот на Советот и тим од стручните служби од општината, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија од градот Скопје оствaрија средба со граѓаните на Припор и Пржино се со цел за подобрување на условите во кои живеат.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец - Алексиќ во посета на Припор и Пржино