Насловна
Во рамки на редовните посети на месните и урбаните заедници, градоначалникот на општина Кисела Вода, заедно со Претседателот на Советот, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија при градот Скопје и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење, вчера остварија средби со жителите на месните заедници 11 Октомври згради и бараки.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на 11 Октомври-згради и бараки
Ве известуваме дека Триесет и втората пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 23 септември 2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 32-та пленарна седница
Општина Кисела Вода ги известува жителите на улица “Христо Татарчев” дека во текот на утрешниот ден ќе останат без снабдување со електрична енергија од 9 до 14 часот. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, прекинот е поради технички зафати во електросистемот.
Вчера градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев, тим од стручните служби од општина Кисела Вода, јавните претпријатија на град Скопје како и претставници од други институции остварија работна средба со жителите на месните заедници Пинтија и Стаклара - Камник. Граѓаните од овој дел на градот, имаа можност да побараат решение за проблемите со кои се соочуваат.
Добрата практика на редовни средби со граѓаните со цел да се слушне во прво лице за нивните потреби и проблеми и на тој начин побрзо да се реагира во насока на нивно надминување, останува да биде приоритет во агендата на Општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ во посета на месните заедници Усје и Драчево