Насловна
Вечерната настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале започна на 1 септември. Часовите се изведуваат во ООУ “Рајко Жинзифов“ во населба Драчево, наставата и потребните книги за посетителите се комплетно бесплатни.
Непрекинато тече процесот за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Кисела Вода. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 11879 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 4063.
Повеќе: Досега легализирани 4063 дивоградби во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода и ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“, Ве информираaт дека по програмски превентивни активности на Министерството за здравство на Република Македонија започнуваат акциите за спроведување на бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита и превенција на граѓаните од топлото време „Топлотен бран.
Повеќе: Бесплатни превентивни прегледи во општина Кисела Вода
Во општина Кисела Вода денеска почна изградба на ново училиште лоцирано до објектот на постојното ОУ „Невена Георгиева Дуња“. Новата училишна зграда ќе биде со површина од 1.220 метри квадратни, а инвестицијата вредна 75 милиони денари е на Министерството за образование и наука.
Повеќе: Поставен камен темелник на новата училишна зграда на ООУ "Невена Георгиева Дуња"
Денес во Големата сала на општина Кисела Вода беа доделени нови 40 ваучери за новородените деца од овој дел на градот. Со тоа, бројот на семејства на кои општината им доделила еднократна парична помош се искачи на 1140.
Повеќе: Нови 40 ваучери за новороденчиња доделени во општина Кисела Вода